
Ќе докажеме јавнообвнителско непознавање на работата на невладиниот сектор и ако оваа пракса се следи ќе се одврати правото на граѓаните на здружување и дека не треба да се критикува тоа право на невладините организации. Тоа не е кривично дело, истакна во својот говор поранешната пратеничка Фросина Ременски.
Според неа, по таа логика 80 проценти од пратениците ќе се најдеа на обвинителна клупа.
„Дали поддршката и лобирањето за правата на ранливите категории граѓани треба да бидат инкриминирачки за еден пратеник“, праша Ременски.