Бугарскиот премиер Борисов во каранти, шефицата на неговиот кабинет заразена со коронавирусот

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Бојко Борисов, Деница Желева има позитивен тест на Covid-19, премиерот е негативен но е ставен во карантин и се чека втор негативен тест, јави Бгнес.

Тестирани се и сите членови на делегацијата што беа во Брисел каде учествуваа на самитот на шефовите на држави и влади на Европската унија.

Во понеделникот, на 20-ти јули, владината прес-служба соопшти дека се утврдени два случаи на заразени со короанвирусот меѓу вработените во администрацијата на Владата, по што зградата на 21-ви јули беше затворена за да се направи целосна дезинфекција