
Илјадници верници почнале да се собираат н аплоштадот на султанот Ахмед пред Аја Софија во Истанбул во која денеска ќе се одржи првата молитва од 1934 година, а на кои им се придружи и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Откако дојде на власт пред 17 години Ердоган го заговара повторното враќање на велелепниот храм „Света Софија“ во џамија, откако пред 86 години владата на таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк донесе одлука објекот претворен во џамија по османлиското заземање на Цариград да биде пренаменет во музеј.
Заради пандемијата од корона вирусот, турските власти го ограничиле бројот на верници кои ќе присуствуваат на првата молитва на 1.453 луѓе, што ја симболизира годината во која Турците го покориле Константинопол. Околу 500 верници ќе ја извршат молитвата во Аја Софија, додека останатите ќе се молат надвор на пет молитвени места покрај џамијата.
На 11 места ќе бидат формирани контролни пунктови каде што на верниците ќе им се мери температура пред молитвата. Маските се задолжителни. Местото ќе го обезбедуваат околу 20.000 полицајци, а ќе присуствуваат и 736 доктори, повеќе од 100 возила на итна помош и санитетски хеликоптер.