
Во последните 24 часа, од тестирани 10.634 лица во Србија, на коронавирус биле позитивни 409, а десетмина починале, јави „Блиц“ повикувајќи се на информации од здравствените власти.
Според најновите податоци од Министерството за здравство, на респиратори во српските болници во моментот се 167 пациенти, што е намалување во однос на вчерашниот ден.
Вчера оваа бројка изнесуваше 185 пациенти.