ДИК ги потврди конечните резултати од изборите на 15-ти јули, без промени

Државната изборна комисија денеска одржа јавна седница на која ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.

Коалиција „Можеме“ предоведна од СДСМ – 327.408 гласа, односно 35,89%, освоени мандати – 46

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57% – 44 мандати

ДУИ – 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати

Коалиција Алијанса/Алтернатива – 80.000 гласови или 8% со 12 мандати

Левица – 30.426 гласови или 4,1% – 2 мандати

ДПА – 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандати

Од партии кои учествуваат на овие избори се Интегра со 12.291 глас или 1,35%, ГДУ со 3.555 гласови или 0,39%, МОРО работничка партија 3.245 гласови или 0,36 проценти Глас за Македонија 2800 или 0,31 процент, ЕдинствеМакедонија 2.600 гласа или 0, 29 проценти, СДУ 2.585 о,28, Твоја Партија1894 гласови или 0,21 процент, Демократи 1558 гласови 0,17 проценти Народна партија на Ромите 1,225 односно 0,13 проценти.

По завршувањето на оваа седница, закажаана е свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата на избраните пратеници.

Објавувањето на конечните официјални резултати следува откако Управниот суд вчера ги одби и последните тужби од партиите. Судиите од овој суд не прифатија ниту една од вкупно поднесените 185 тужби. Пресудите коишто беа донесени се конечни.

Со оглед дека Управниот суд ги одби тужби, нема да има промена во конечните неофицијални резултати од изборите, па составот во Собранието ќе биде: 46 пратеници СДСМ и коалицијата „Можеме“, 44 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 15 од ДУИ, 12 од Алијанса за Албанците и Алтернатива, два од Левица и еден од ДПА.

Според Уставот, сега треба да се одржи конститутивна седница на новиот парламентарен состав. Неа, најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да ја свика претседателот во претходниот собраниски состав, Талат Џафери, што во случајот би требало да се случи најдоцна до 4-ти август. Ако Џафери, кој вчера беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат пратениците сами да се состанат на дваесет и првиот ден од денот на изборите.

По конституирањето на парламентот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.