
Претпладнево околу 10:00 часот изгоре автомопбил марка „опел“ во селото Банско, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.
Пожарот бил во поодмината фаза и заради лесно запаливите материјали лесно можел да се прошири, но со брза интервенција на пожарникарите пожарот е изгаснат.
Во гаснењето на автомобилот учествувале четворица пожарникари и едно противпожарно возило.