Полска ќе се повлече од Истанбулската конвенција

Полска следната седмица ќе преземе чекори кои водат кон повлекување од евроспкиот договор за борба против насилството над жените за којашто десничарската влада во Варшава, како и повеќе земји, смета дека ги нарушува правата на родителите со барањето училиштата да ги подучуваат децата за полот, соошти во саботата министерот за павосудство Збигњев Зиобро.

На прес-конференцијата, министерот Зиобро рече дека неговото министерство во понеделник ќе поднесе барање до министерството за труд и семејство да за почне со постапката за повлекувње од договорот, попознат како Истанбулска конвенција.

„Овој договор содржи елементи со идеолошки карактер коишто ги сметаме за штетни“, изјави министерто Зиобро.

Владејачката полска партија Право и спрведливост (PiS) и нејзините коалициски партнери имаат тесна соработка со влијателната Католичка црква, отфрлајќи ги неолибералните социјални програм. Противењето на правата на хомосексуалците беше едно од главните прашања кои во текот на успешаната кампања за реизбор неодамна го промовираше претседателот Анджеј Дуда.

Во петокот мноштво луѓе, главно жени, протестираа во главниот град Варшава и во другите градови, противејќи се на предлогот за повлекување од Истанбулската конвенција.

„Нивната цел е да се легализираат насилството во семејтвото“, изјави за медиумите Магдалена Лемпарт, една од организаториките на протестот во Варшава. Некои демонстранти носеле транспарентни на кои пишувашо „PiS е пекол за жените“.

Владејачката PiS долго се жалеше на Истанбулската конвенција, која сѐ уште ја немаат ратификувано повеќе земји во Еропа, а која Полска ја ратификуваше во време на претходната центристичка влада во 2015 година. Сегашната влада забележува што овој договор не ја почитува верата, и дека со неа се настојува неолиберланите социјални политики да се вклучат во образованието

Во Полска има и иницијатива за покренување „Меѓународна конвенција за правата на семејството“ што може да доведе до соработка меѓу оние земји-членки на ЕУ кои се идентификуваат со семејните вредности”.