
Американската администрација успеала да ги осигури 90 отсто од резервите на лекот „Ремдесивир“ кој се користи за лекување на респираторната болест Covid-19 која ја предизвикува новиот коронавирус SARS-CoV-2, потврди во петокот Доналд Трамп на брифингот во Белата куќа пред да го потпише указот со кој се намалуваат цените на лековите во САД.
„Мојата администрација осигури поседување на повеќе од 90 отсто од светските резерви на препаратот ‘Ремдесивир’, кои има огромни ефекти“, рече Трамп истакнувајќи дека станува збор за успех во областа на здравствената заштита, кој според него, го оствариле американските власти.
Претходно за податокот дека САД ги откупиле практично целите резерви на „Ремдесивир“ за период од три месеца однапред, пишуваше британскиот весник The Guardian. Како што наведе весникот, тоа би значело дека во блиска иднина ниедна земја во позначително количество нема да може да го набави лекот кој го разви американската биофармацевтска компанија „Gilead Sciences“.
Според британскиот весник, американската администрација купила повеќе од 500.000 дози од лекот, што одговара на 90 отсто од вкупните светски резерви на препаратот, кои ќе бидат произведени во јули, август и септември. Во написот беше истакнато дека многи меѓународни организаци изразиле загриженоста за ваквите еднострани дејствија на САД.
Според податоците на „Gilead Sciences“, употребата на „Ремдесивир“ овозможува да се намали периодот на закрепнување кај пациентите со коронавирус за четири дена. Просечно на еден пациент потребна му е петдневна терапија со шест ампули од лекот. Имајќи предвид дека за развиените земји компанијата утвди единствена цена за лекот од 390 американски долари за ампула, целиот третман би чинел 2.340 долари.
Претходно властите на бројни земји, вклучително САД, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Израел, Велика Британија… ја одобрија употребата на „Ремдесивир“ за лекување на пациентите со Covid-19.
Лекот првични беше развиен како дел од испитување за лекување на Хепатитис Ц, и болеста предизвикана од респораторниот синситски вирус. Исто така, лекот беше тестиран и за лекување на болеста предизвикана од вирусот ебола, но не даде добри резултати.