Тинејџер со „голф“ удри две деца на „Партизанска“, па избега

Две деца се тешко повредени во петокот вечерта во центарот на Скопје, откако 19-годишник со својот автомобил ги удрил, по што избегал од местото на несреќата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 24.07.2020 во 22.00 часот на крстосница од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Аминта Трети“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19) од Скопје, удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што го напуштил местото.

По незгодата децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.