
Коалициските партнери Алијанса за Албанците и Алтернатива не ја исклучува можноста да станат дел од владина коалиција во која би учествувала и ДУИ.
Објаснуваат дека иако е тоа тешко, таквата опција не се исклучува.
„Како коалиција ама и поединечно како партии комуницираме со сите политички партии а тие контакти ги одржуваме и денес. Засега нема ништо ново после официјалните резултати од ДИК.
Следи период кога треба да почнат преговори за формирање Влада. Чекаме претседателот на државата да го предаде мандатот по што и мандатарот ќе ги почне преговорите за формирање на новата Влада воедно и тој одлучува со кој ќе коалицира“, изјави Шефик Дураку Од коалицијата АА и Алтернатива.