
Додека Државната изборна комисија (ДИК) чекаше претставници од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива да ги подигнат уверенијата за новите пратеници, пратениците од двете партии биле на заеднички ручек во Струга. Уверенијата полладнето биле подигнати од претставници на двете партии, информираше ДИК.
– Работна средба во Струга со парламентарната група на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, се пофали на Фејсбук лидерот на Алијансата Зијадин Села.
Од фотографијата може да се забележи дека новите пратеници на работната средба не носат заштитни маски.