
Официјално отворање вечерва на независниот театар „Златен елец“, на „Скопското лето“!
Во 20 и 30 часот, во Куршумли ан ќе биде изведена премиерата на комедијата „Не ми го чепкај пивото“, поставена според драмскиот текст „Не е тоа што мислиш“, од Армус Бериша Бели. Претставата ја постави режисерот Ѓорѓи Ризески, а текстот го напиша екипата собрана околу претставата. Неа ја сочинуваат актерите Давид Илиќ, Бобан Алексоски и Надица Петрова, како и режисерот Ризески.
Кореограф е Ирена Лозинска, сценограф, Мартин Манев, дизајнот на плакатот е на Александра Таушанов и Владимир Димковиќ, камера и монтажа на видеото- Доан Доѓан, а асистент на режија е Тамара Стојаноска.
Комедијата на ситуации „ Не ми го чепкај пивото“, се осфрнува на ситуации од животот, како што се моментите на „извлекување” кога си фатен на дело, моментите на брзо снаоѓање и глума. Може да се каже дека тоа е типичен македонски синдром на денешницата, велат од „Златен елец“.
Претставата ќе биде изведена согласно здравствените протоколи за публиката, за заштита од Ковид- 19. Во тие рамки, најавен е влез во 20 часот.