
Дипломатската препирка меѓу САД и Кина придонесе за покачување на цената на златото на светските берзи достигнувајќи историски највисок скок од 1 943 долари за унца.
Зголемената побарувачка на загрижените инвеститори за скапоцени метали, поради влошените дипломатски односи меѓу Кина и САД во денешното тргување ги сруши сите ценовни рекорди досега и се продава по цена од 1.943 долари што е зголемување за 1,6 отсто.
Се проценува дека европските акции денеска ќе компензираат дел од силниот пад што беше регистриран во петокот. Акциите на азиските берзи имаа мешано движење.