Мбапе три седмици надвор од терените

Напаѓачот на француската селекција и на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, ќе биде надвор од терените најмалку три седмици, и ќе ги пропушти натпреварите од четвртфиналето на Логата на шампионите, соопшти парискиот клуб.

Мбапе беше повреден во финалето на францускиот куп против Сен Етјен,и по еден остар старт на противничкиот играч на носилки беше изнесен од теренот.

Паузрата од три седмици за 21-годишниот Мбапе значи дека нема да настапи на четвртфиналниот двомеч со Аталанта во Лигата на шампионите, на 12-ти август. Покрај тоа, сигурно е дека нема да игра ниту во финалето на францускиот Лига куп на 31-ви јули.