
Петмина турски војници загинаа, а десет се хоспитализирани, откако автобус со кој се превезувале се превртел во провинцијата Мерсин, во јужниот дел на Турција.
Освен нив загинал и возачот на автобусот.
Повредените војници веднаш биле пренесени в болница со тешки повреди.
Засега не е познато која е причината за инцидентот.