Повредени пет лица во тешка сообраќајка во Скопје

На крстосница од ул.„Јустинијан Први“ со ул.„Славка Динкова“ во Скопје вчера околу 10.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(46) од с.Студеничани и патничко возило „фолскваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Студеничани.

Во незгодата, со повреди се здоб-ле возачот А.М. и шестгодишник, додека А.А.(30) од с.Студеничани се здобила со тешки телесни повреди, и двајцата сопатници во возилото „фолскваген голф“, велат од МВР.

Повредите се констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредените биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.