Советникот за национална безбедност на Белата куќа позитивен на коронавирусот

Роберт О’Брајан, советникот за национална безбедност на Белата куќа, е тестиран и е позитивен на коронавирусот, објави во понеделникот Белата куќа.

О’Брајан има „полесни симптоми“, прецизира во соопштението Белата куќа. Тој е изолиран и работи од „сигурно место“ надвор од Белата куќа, се додава.

„Не постои опасност од изложеност на претседателот или потпретседателот“, се додава во изјавата во која се инсистира и на тоа дека Советот за национална безбедност и натаму функционира во вообичаениот режим.

О’Брајан пред помалку од две седмици патуваше во Париз каде што се сретна со францускиот, германскиот, италијанскиот и британскиот колега.

Во мај, позитивна беше Кети Милер, портпаролката на поптретседателот Мајк Пенс и сорпуга на Стивен Милер, блискиот советника на претседателот Доналд Трамп. Набрзо потоа се врати на работното место.

На почетокот од јули, Кимберли Гилфојл, поранешен модел, па обвинителка во Сан Франциско и новинарка на телевизиската мрежа Fox News, инаку девојка на Доналд Трамп помладиот, исто така, беше позитивна на коронавирусот. Таа е една од најодговорните личност задолжени за финасирањето на кампањата на републиканскиот претседател кој на 3-ти ноември ќе се бори за вториот мандат.