(ВИДЕО) Невреме во Загреб – поплавени улици и подруми

Силен дожд го зафатил главниот хрватски град, а во некои делови паѓало и град.

Порталот Индекс.хр ги пренесува зборовите на читателите дека на некои места градот имал големина на лешник, а на некои места паднале гранки, што го отежнал сообраќајот.
Поројниот дожд, велат тие, повторно ги поплавиле улиците и подрумите.