
Рускиот државен институт за вирологија и биотехнологија „Вектор“ започна со клинички испитувања за потенцијална вакцина против Ковид-19, првиот волонтер ја прими вакцината и во моментов се чувствува добро, пренесе агенцијата ТАС.
Клиничките испитувања на вакцината, развиена од рускиот државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, започнаа во понеделникот, кога беше вакциниран првиот волонтер.
Тој се чувствува добро и досега нема здравствени проблеми.
Според планот, клиничките испитувања започнале со пет доброволци.
Првиот од нив ја примил вакцината вчера, следниот ќе ја прими вакцината на 30 јули, односно за 72 часа, а уште тројца ќе бидат вакцинирани во истиот временски интервал.