
Тетовски полицајци заедно со скопски колеги од сектор за дрога привеле двајца тетовчани по претрес утринава во нивните домови при што се најдени предмети кои потекнуваат од веќе случени и евидентирани кривични дела. Претресите во нивните домови се направени утринава од 6 до 8 часот со соодветна судска наредба.
„Полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, при акција за сузбивање на групи и лица кои се бават со недозволена трговија со наркотични дроги, врз основа на судска наредба од Основен Суд Тетово, извршиле претрес во домот и помошните простории на Ф.Љ.(29), како и во домот на М.А.(31), двајцата од Тетово“, соопштија денеска од канцеларијата за односи со јавност при СВР Тетово.
Двајцата по приведувањето се однесени во полициска станица Тетово за понатамошна постапка.