Две девојки се тепале, а маж се обидел со нож да нападне полицаец

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 20-годишната М.С. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против 42-годишниот Ф.Х.од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 06.03.2020 на ул.„Пелагонија“, првопријавената физички ја нападнала С.Х., нанесувајќи ѝ повреди, а откако полициски службеник постапувал по пријавата, второпријавениот со нож се обидел да го нападне полицискиот службеник.