Мицкоски: Ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш нека создава, а не да руши

Ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по најавата дека на местото на Универзална сала ќе се гради летна сцена, а постојниот објект ќе се руши.

„Универзалната сала е плод на солидарноста и еден од симболите на Скопје. И Скопје не секогаш ги имало најдобрите решенија, но секогаш имало душа и срце за големи работи. Салата не е само објектот, туку и спомените на скопјани и нема роден скопјанец чиешто детство и младост не се поврзани со Универзалната сала. Затоа нејзиното рушење не е опција. Ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши“, порача Мицкоски.