
Како ССМ дојдовме до информации дека работодавачи го злоупотребиле законот за работни односи и не исплатиле плата од предвидениот минимум. Платите и работните места се делат според образование и каква сложеност на работа работиш.
-Апсурдот да е поголем што државата ги додели тие 14.500 денари, а преку 700 работодавачи не ги исплатиле, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Ние како ССМ, потенцира тој, ќе отвориме широка дебата како понатаму.
-Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Димовски.