
Народната банка на Република Македонија објави уште едни едукативно видео од серијата анимирани видеа на тема „Со Народната банка во светот на финансиите”. Последниот видеоматеријал е едукација за плаќање со мобилен телефон , а е изработено со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).
Видеото е биде достапно на веб-страницата на Народната банка и на страниците на Народната банка на социјалните мрежи.
Од НБРМ велат дека целта на објавувањето на овие едукативни видеа е да се придонесе во јакнењето на финансиската писменост на граѓаните.