
Под влијание на многу топла воздушна маса времето денеска и утре ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури, според УХМР, насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
В сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. В недела се очекува максимална температура за пет-шест степени пониска од денешната.