
Археолозите и геолозите го анализирале хемискиот состав на такнаречените сарсени, големите блокови од песок кои биле користени при изградбата на Стоунхенџ, и се испоставило дека тие биле добиени од каменолот Вест Вудс, на 25 километри од споменикот, се наведува во студијата објавена во научното списание Science Advances.
Така научниците ја решиле тајната на овој популарен споменик во Вилтшир во Англија, благодарејќи на јадрото на каменот кој со децении се чувап во САД.
„Идентичниот извор и хемискиот состав на сите сарсени сугерираат дека тие биле ископани и поставени во Стоунхенџ во исто време. Бидејќи регионот изобилува со слични камења, сѐ уште останува мистерија зошто градителите се решиле за нив. Според сѐ судејќи на новниот избор влијаел квалитетот и димензиите на овие камења“, наведуваат научниците.
Геохемиското истражување укажува дека 50 од 52 гомени, светложолти камени блокови познати како сарсени, потекнуваат од 25 километри оддалеченото наоѓалиште во Вест Вудс на работ од подрачјето Витшир Марлборо Даунс, соопштија истражувачите во средата.
Сарсените се подигнати во Стоунхенџ околу 2500 година пред Христа. Највисокиот е висок 9,1 метри, а најтешкиот има 40 тони.
„Сарсените го сочинуваат внатрешниот круг и централната мегалитска структура (два вертикални камена кои поддржуваат хоризонтален камен) на потковица во Стоунхенџ. Огромни се“, вели геоморфологот Дејвид Неп, од Универзитетот Брајтон кој го водел истражувањето.
„Останува мистерија како се префрлени на оваа локација. Имајќи ја предвид големината на камењата, или се влечени или се пренесени на тркала до Стоунхенџ. Не ја знаеме точната рута, но сега барем ги имаме појдовната и завршната точка“, додава Неш.
Трага од помал камен од Стоунхенџ ги одвел научниците до Пемброкеншир во Велс, 250 километри подалеку, но не успеале да го идентификуваат потеклото на сарсените.
Клучните информации ги дал примерок од сарсен, издвоен во текот на конзерваторските работи во доцните 1950-ти години кога се вметнувале метални потпирачи за да се стабилизира напукнатиот мегалит. Примерок од јадрото како сувенир му е даден на извесен Роберт Филипс кој работел за компанијата која била вклучена во кознерваторските работи и бил на локалитетот во текот на дупчењата.
Филипс примерокот го понел со себе кога емигрирал во САД во 1977 година, живеејќи од тогаш во Њујорк, Илиноис, Калифорнија и на крајот на Флорида, додава Неш. Филипс во 2018 година се одлучил да ѝ го врати примерокот во Велика Британија поради истражувања. Починал претходно годинава.
Истражувачите ги анализирале фрагментите од примерокот за да го утврди геохемискиот отпечаток на сарсенот од кој примерокот бил издвоен. Отпечатокот се совпаѓал со каменот кој и натаму се наоѓа во Вест Вудс и со сите освен со два сарсена од Стоунхенџ.
„Се надевам дека порди она што го дознавме луѓето разбираат повеќе за огромниот потфат на градењето на Стоунхенџ“, истакнува Неш.