
Полицијата во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава регистрирала 355 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштитна опрема на лицето.
Од МВР и денеска апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Казната за неносење маска изнесува 20 евра, а ако се плати на самото место е 10 евра.