
Вкупно 18 полицајци се повредени, од кои тројца се примени во болница, во растерувањето на деминстранти во Берлин откако полицијата прекинала голем собир против мерките воведени поради сузбивање на епидемијата на коронавирусот, одржан и покрај растот на бројот на новозаразените, објави германската полиција во неделата.
Организаторите на протесниот собир одржан во неделата не се погрижиле да се следат хигиенско-санитарните препораки, изјави портпаролот на берлинската полиција за агенцијата DPA.
Полицијата го прекинала собирот на кој присуствувале околу 20.000 луѓе. Кога некои од присутните не сакале да отстапат, полицијата сметала дека прават прекршок што предизвикало реакција од присутните.
Полицајците ги симнале од сцентата некои од организаторите, со бурно негодување од демонстрантите и примениле сила кога едно лице не сакало да ги послуша нивните наредби. Меѓутоа, една упорна група останала пред бината, а некои од нив полициајците ги привеле или насилно отстраниле од просторот.
Полицијатга вели дека околу 17.000 луѓе учествувле во првичната поворка низ центарот на Берлина која завршила кај градската знаменитост Бранденбуршката порта. Организаторите, пак, тврдат дека се собраче 1,3 милиони демонстранти.
Според објавата на берлинската полиција, во саботата биле распоредени 1.100 полицајци чија задача била да го надгледуваат собирот и да ја растераат толпата. Полицијата ќе подигне тужба против организаторите на протестот кои не одржувале физичко растојание. Малкумина од демонстрантите носеле маски и ја одржувале физичката дистанца, додава полицијата.
Теорија на заговор
Демонстрантите во поворка се движеа низ германската престолнина повикувајќи на „слобода“ и „отпор“ и извикуваа „Пандемијата на коронавирусот е најголемата теорија на заговор“. Многумина носеа и ознаки од местата од кои пристигнале во Берлина и знамиња на речиси сите германски сојузни земји.
Во саботата се собраа и контрадемонстранти, под мотото „Бабите против десницата“ и извикуваа „Нацистите надвор“ против учесниците на главниот собир.
Берлинската полиција учесниците на спротиставените собири го контролираше и се обидуваше да ги држи одвоени за да спрчи меѓусебни судири.
Главниот протестен собир се одржа под мотото „Крај на пандемијата: Ден на слобнодата“, а го организираше иницијативата „Латерално мислење 711“.
Неколку политичари од разни политички провинеинеции искажаа неразбирање за одржување на протестот и укажаа нанеповолната епидемиолошка ситуација во Германија. Социјалдемократската челничка Саскија Есекн со погрдни зборови ги опиша демонстрантие, додека демохристијанскиот политичар од централната покраина Бранденбург, Јен Редман укажа на неодговорното однесува на демонстрантите во моментот кога здравствените власти предупредуваат на „опасност од втор пран на пандемијата“.
Досега иститите организатори стоеја зад повеќе протсти во Штутгарт против ограничувањата кои ги наметна германската влада во борбата против коронавирусот.
Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, ги критикуваше учесниците на протестот, бидеќи не се придржувале до здравствените прописи, истакнувајќи дека имаат право на протест.
„Да, дури и во екот на пандемија протестите треба да бидат дозволени. Но не како овој. Физичкото растојание, здравствените и безбедносни правила и носењето заштитна масак служат за тоа сите да бидат заштитени и единственот разумот, упорноста и тимскиот дух може да помогнат во победата над пандемијата“, напиша на Twitter министето Шпан.
Во текот на викендот планирани се и други активности. А ваквите собири се одржуваат сѐ почесто и покрај растот на бројот на заболените. Делумно тоа се должи и на револтот кон здравствените власти кои не успеаја да се справат со епидемијата, непрепознавајќи ги особеностите на овој вирус, но преземајќи мерки кои ја влошија економската сигурност на граѓаните и општеството.
Во изминатите 24 часа во Германија се регистрирани 955 новозаразени, според податоците на референтниот Институт Роберт Кох. Новите бројки покаживаат најголем дневен раст на новозаразените од мај. Со тоа бројот на зарзените во земјата од почетокот на епидемијата се зголеми на 209.653 лица. Бројот на починатите, пак, достигна 9.148, односно е зголемен за седум од претходниот ден.
#b0108 Als die Polizei versuchte, die rechtsoffene Großdemo von #Querdenken und #KDW aufzulösen, wurde sie von Demonstrierenden angegriffen. Die Stimmung um die Siegessäule ist nach wie vor geladen. #corona #hygienedemo #TagDerFreiheit pic.twitter.com/8o3rjTdjbP
— Jüdisches Forum (@JFDA_eV) August 1, 2020