За коалицискиот партнер на СДСМ, Денот на Републиката не е празник

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, кој е коалиционен партнер на Зоран Заев и СДСМ за големиот национален празник Илинден воопшто не упати честитка до Македонците и сите граѓани.

Ниту со соопштение, ниту со објава на социјалните мрежи Касами не го честита празникот Илинден.

Пред само три дена тој на сите муслимани им го честитал Курбан Бајрам но денеска не најде време и желба да го честита големиот празник на македонскиот народ.