
Британскиот индустриски центар Манчестер прогласи во неделата состојба на „голем инцидент“, што на локалните власти им овозможува формирање на „централна командна структура“ за да се направи обид да се стави под контрола ширењето на коронавирусот, објави во понеделникот локален функционер.
Минатиот четврток британскиот министер за здравство Мет Хенкок најави дека поради зголемувањето на бројот на случаите на зараза мерките ќе бидета засилени во делови на северна Англија, вклучително и грофовијата Манчестер, западната Јоркшир и истона Ланкешир.
„Иако Градскиот совет и партнерските организации работат заедно за да ја стават под контрола пандемијата на коронавирусот уште во првата половина на годината, прогласувањето на ‘големиот инцидент’ овозможува тоа да го зајакнеме. Тоа ни овозможува воспоставување на централна командна структура која ќе го надгледува одговорот на пандемијата и ќе им овозможи на службите да привлечат поголеми ресурси“, изјави првиот човек на Градскиот совет на Манчестер, Рочард Лиз за весникот Manchester Evening News.
Епидемијата на Covid-19 досега усмрти над 46.000 луѓе во Обединетото Кралство, со што земјата е на четвртокот место според бројот на починатите во светот.