(ВИДЕО) Најмалку шест жртви и мноштво повредени во силната експлозија во Бејрут

Најмалку шест лица загинале а десетици други се повредени во ексползијата од засега непознато потејкло во пристаништетот на либабската престолнина Бејрут, објави во вторникот попладнето либанскиот Црвен краст.

Силната експлозија се слушната во целиот град, предизвикувајќи паника меѓу населението. Стаклата на прозорците на многу згради се искршени, а темен чад се извива над пристаништето. Се верува дека многу повредени се затрупани под урнатините.

Либанската Национална новинска агенција (NNA) пренесува дека пожар во вторникот попладне избивнал во пристаништетот на Бејрут предизвикувајќи масивна експлозија. Според истиот извор, неколку помали експлозии се слушнале пред да се случи моќната детонација, и оти процените се дека се очекуваат голем број жртви.

Според телевизијата Al Arabiya, имало две експлозии во кои засега е познато за шест жртви на бројот на повредените изнесува неколку стотици.

Либанскиот Црвен крст извести дека десетици луѓе од различни делови на градот се доставени во болниците, според извештаите од болниците. Притоа агенцијата Reuters, пак, објави за најмалку 10 загинати.

Целосно се распаднати фасадите на неколку објекти, лицирани во близината на бејрутското пристаниште. Оштетени се, исто така, и станбени згради и деловни простории.

Причината за експлозите засега не се познати. Телевизијата Al Hadath не ја исклучува можноста за ракетен напад врз бејрутското пристанише. Според телевизијата, цел на нападот кој им се припушува на израелските воздухопловни сили веројатно е магацин на либанското шиитско движење Хезболах, заколнат непријател на Државата Израел.

Истовремено телевизискиот канал Al Mayadeen објави дека моќната експлозија се случила во магацин со пиротехника.

Според првичните информации кои ги објави агенцијата AFP, експлозијата е резултат на инцидент во пристаништетот на Бејрут. Засега не е позната причината,

Дописниците на светските агенции известуваат дека во Либан во моментите по експлозијата и подоцна има пад на интернет мрежата. Во ОН, кои имаат мисија во Бејрут, соопштија дека немаа информации за инцидентот, како и за можни штети врз нивната мировна мисија во Либан.