
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска испрати порака до ДУИ дека не се прв избор за формирање на влада и оти постои опција за парламентарно мнозинство и со Алијанса на Зијадин Села.
„За премиер треба да се има бројки. Со 15 пратеници премиер не се станува.Опција имаме и за влада со ДУИ и за со Алијанса, тоа значи стабилно мнозинство.Бројките се доволно големи за стабилно мнозинство“, порача Заев.