(ВИДЕО) Можна силна смртоносна експлозија во град во Северна Кореја

Видеоснимка направена од Кина покажува експлозија во Северна Кореја, пренесуваат медиумите во средата, додека извори од Јужна Кореја наведува дека се случило истекување на гас кој предизвикакал смртоносна експлозија во понеделникот.

Засега нема потврда за автентичноста на видео-снимката којашто ја добиле агенцијата Associated Press и порталот Daily NK чие седиште е во Сеул а кој ги третира состојбите во Северна Кореја.

Другите јужнокорејски медиуми, исто така, се повикуваат на анонимни извори кои наведуваат дека биле забележани повеќе експлозии на територијата на Северна Кореја.

Повикувајќи се на неименуван извор од Северна Кореја, Daily NK пишува во средата дека 15 лица загинале во експлозијата и пожарот кој уследил во градот Хјесан во покраината Гангганг, во близина на границата со Кина.

Агенцијата Associated Press цитира патнички агент во конескиот пограничен град Чангбаиу кој ја водел експлозијата и ја снимил, но за него не бил позната причината за несреќата. Видеозаписто прикажува оган над врвови на стебла, со звук од последователни експлозии.

Севернокорејските медиуми воопшто не информираат за некаков инцидент, а јужнокорејски функционери велат дена засега да ги потврдат овие информации.