Евакуација на Мон Блан, секој момент се очекува распукнување на глечер

Дел од глечерот Гран Жотасе во италијанскиот дел од масивот Мон Блан во секој момент може да распија поради високите температири, поради што властите започнаа со евакуација на повеќе десетици жители и туристи, објавија локалните власти во четвртокот.

Околу 500.000 кубни метри мраз само што не се откинале од ледникот Панпeнсјез, на подрачјето на општината Курмајер, се наведува во наредбата во општината Валд’Аоста, на гграницата со Франција.

Неколку патни правци кои водат во долината Вал Ферет се затворени, согласно со наредбата. Властите наредиле евакуација на триесетина куќи во ткн „црвена зона“ во долниот дел на Вал Ферет. Досега најмалку 65 лица, повеќето туристи, биле евакуиран од селцето Вал Ферет.

Полицијата и припадниците на службата за цивилна заштита од утрово ја спроведуваат операцијата на евакуација и осигурување, додека локалните властите се загрижени од високите температура за следните три дена.

Слична закана минатата есен ги принуди властите за затворан неколку патишта во близина на глечерот. Пред две години брачна загина откако нивното возило било собрано од патот во текот на силно невреме, и тој правец остана затворен до денес.

Случувањата во овој регион внимателно се следат од 2013 година, поради брзината на топењето на мразот на глечерот. .