Собирот за Универзална сала се поместува за во вторник, во 20 часот

Поради временските прилики, денешниот хепенинг планиран пред платото на Универзалната сала, се поместува за во втроник, 11 август, во 20 часот, објавија на Фејсбук од Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје.

Собирот е со цел да се и’ се укаже на градскатта власт дека граѓаните се против уривање на Универзалната сала, којашто е белег на градот.