Тројца тинејџери влегле на имотот на Трамп со пушка „АК-47“

Американската полиција уапсила тројца тинејџери кои обидувајќи се да побегнат пред потера влегле на имотот на американскиот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида вооружени со полуавтоматска пушка „АК-47“ и муниција во ранец, пренесува агенцијата Associated Press во четвртокот повикувајќи се на локанлната полиција.

Како што потврдиле во полицијата на Палм Бич, инцидентот се случил кон крајот на минатата седмица, поточно на 31-ви јули. Полициските службеници забележале тројца 15-годишници во паркиран автомобил, на околу три километри од Мар-а-Лаго. Кога ја здогледале полицијата, момчињата се обидела да се сокријат, меѓутоа налетувајќи на друго патролно полициско возило тие го напуштиле својот автомобил и се прекачиле преку оградата на голф-клубот на ресортот Мар-а-Лаго и се обиделе да се сокријат.

Полицијата со помош на хеликоптер и дресирани кучиња наскоро ги пронашла тинејџерите, откако тие успеале да се ослободат од ранец со „АК-47 и муниција“, изјави портпаролот на полицијата во Палм Бич, Мајкл Огродник.

„Тие не се обидоа да навлезат во објектот, туку само ја прескокнаа оградата за да се сокријат. Тие немаа поим каде се наоѓаат“, додал Огродник истакнувајќи дека момчињата имале среќа што претседателот или членовите од неговото семејство во тоа време не биле на имотот. Во спротивно, тие би биле пресретнати од вооружените агенти на Тајната служба која се грижи за базбедноста на највисоките американски функционери и нивните семејства.

Приватната резиденција на претседателот Доналд Трамп на Флорида, инаку, е затворена ова лето поради пандемијата на коронавирусот.

Тинејџерите биле притворени и ја очекуваат судската одлука, пишува локалниот весник Miami Herald. Обвинети се за незаконски влегување на туѓ имот, незаконско поседување оружје и пружање отпор на полициски службеници при вршење на службата.

Локалните медиуми наведуваат дека ова не е прв ваков инцидент во Мар-а-Лаго. Во ноември 2019 година федералниот сид на Јужниот округ на државата Флорида осуди на осум месеци затвор кинески државјанин за нелегално велгување на имотот на Трамп, како и за давање лажни информации на Тајната служба.

Инцидентот се случи кон крајот на март 2019 година, кога кинеката државјанка Жанг Јуџинг успеала да влезе на територијата на ресортот, убедувајќи ги чуварите дека е роднина на еден членовите на истоимен клуб од затворен тип.