Пациентите без симптоми сепак го пренесуваат коронавирусот

Главниот епидемиолог на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Марија ван Керхов, се обиде да ги отстрани „недоразбирањата“ во врска со изјавата, која ја разбранува светската јавноста дека луѓето без симптоми ретко го пренесуваат новиот сој коронавирус.

Една од водечките луѓе на американската здравствена агенција за пандемија инсистираше на тоа дека во коментарот што го искажала во понеделникот, важел само за неколку студии, а не на целосната слика. Нејзините коментари предизвикаа забуна и мноштво прашања кај експертите и здравствени власти кои препорачуваат, луѓето да носат маски, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Објаснувањето што таа го даде за време на дискусијата на социјалните медиуми на СЗО, покажа дека има многу прашања за тоа дали заразените лица кои не покажуваат симптоми како треска, сува кашлица и останување без здив можат да го пренесат вирусот. Таа рече дека за изјавата од претходниот ден, објавени се само две или три студии кои всушност се обидуваат да ги следат асимптоматски случаи.

Освен што денеска СЗО ја коригираше изјавата за асимптоматските случаи, дополнително информираше и за новите студии кои покажуваат дека заразените луѓе се најзаразни во моментот кога за првпат ќе се почувствуваат болни.

„Од ограничените информации кои ги поседуваме, се чини дека луѓето имаат повеќе вирус во нивните тела во или околу периодот кога ги развиваат симптомите, односно многу рано“, вели ван Керхов.

Првичните студии во Германија и САД сугерираат дека луѓето со лесни симптоми можат да бидат заразни од 8-9 дена, додека кај оние кои се потешко болни вирулентноста трае „далеку подолго“.