
Американските работодавачи во јули нето отвориле 1,8 милиони работни места, значително помалку отколку јунскиот рекорд, покажуваат податоците кои во петокот ги објави министерството за труд.
Министерството воено незначително ги ревидираше податоците за мај и јуни, кои покажуваат дека во тие два месеца нето се отворени 4,79 односно 2,75 милиони работни места.
Инаку овој показател во јуни е најголемиот од 1939 година, откако владата започнала да ги собира овие податоци.
Стапката на невработеност паднала во јули за 0,9 процентни поени во однос на јуни и изнесувала 10,2 отсто. Вкупно во јули без работа останале 16,3 милиони Американци, што е за 1,4 милиони помалку отколку во јуни.
И покрај падот во изминатите три месеца стапката на невработеност била во јули повисока за 6,7 процентни поени отколку во февруари, пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Бројот на невработените е за 10,6 милиони повисок отколку во вториот месец годинава, истакнува минустерството.
Приватниот сектор минатиот месец нето отворил вкупно 1,46 милиони работни места, а државните служби 301.000. Најмногу вработувале секторите за забава и угостителство, потоа малопродажбата, и секторите за професионални и деловни услуги и здравство.
Извештајот покажува и дека просечнаа цена на трудот по час во јули била речиси непроменета во однос на јуни, и изнесувала 29,39 долари.