(ФОТО и ВИДЕО) Петмина загинати во невремето на грчкиот остров Евија

Најмалку пет лица загинаа а уште две се водат како исчезнати откако силно невреме со поројни дождови и безброј молњи го погодијата викендов грчкиот остров Евија, соопштија во неделата властите.

Повеќето од жртвите, меѓу кои е и едно бебе, се најдени во или во близина на нивните домови во Евија, североисточно од грчката пресолнина Атина, соопшти локалната противпожарна служба. Додваат дека спасувачите во неделата ја продолжиле потрагата по две лица кои се пријавени како исчезнати.

Десетици лица биле евакуирани, а осум се спасени со операција во која бил користен хеликоптер, бидејќи блокираните и поплавени патишта поради излевање на локалните водни текови и наносите. Сообраќајот е во прекин на целиот остров, поради големите оштетувања на инфраструктурата.

„Во овој момент, официјално, од информациите што ги имаме, пет наши сограѓани починаа, а двајца се исчезнати. Истрагата продолжува од дом во дом“, изјави во неделата заменик-министерот за цивилна заштита на Грција“, Никос Хардаљас, кој од утрово е на островот и одржува состаноци со локалните власти.

Според него, прогнозите предвидувале 63 милиметри дожд за 24 часа, а според последното мерење, врнежите достигнале до над 350 милиметри.