Ѓорче Петров до победа во 92. минута, Силекс ја растури Беласица, а дербито на Чаир – без победник

Дербито на Чаир без победник со четири гола, Силекс супериорно тргна со шестка во Струмица, а Пелистер триумфирално се врати во елитата после денешното воведно коло во новата сезона во Првата лига во кое само еден меч не донесе голови.

По едно полувреме за Шкупи и Шкендија, четири гола, многу борба, уште низа шанси на мечот, за возбудлив почеток на сезоната во која Дембо Дарбо постигна два гола за чаирчани, а новото засилување кај тетовци, Љупчо Дориев со гол и асистенција беа главни имиња на пресметката во скопската Општина Чаир.

Македонија ЃП во судиското надополнување стигна до прва победа во новата сезона откако Ермедин Адем во 92-та минута постигна гол за триумф со 2-1 против Работнички. Боби Божиновски пет минути пред крајот на полувремето погоди за водство, а Димитар Тодоровски десет по стартот на вториот дел израмни и кога сите очекуваа со реми и по еден бод за двата тима, дебармаалци останаа шокирани. Една акција во завршницата, Адем рутински ја реализира за голем триумф на „лавовите“.

Силекс покажа дека е подготвен за европската авантура, откако денеска во второто полувреме ја торпедира Беласица со 6-0. Денис Ристов со два гола, по еден на Ивановски, Ѓорѓиев и Ѓуриќ беа стрлците за убедливиот триумф на Силекс.

Пелистер со еден потег на новото засилување Хот уште по десет минути победнички тргна во новата сезона во елитното друштво. Голема победа запишаа битолчани за уште поголема самодоверба во следниот период во сезоната.

Пресметката на Ренова и Струга Трим Лум беше единствена која заврши без голови во оваа воведна рунда, а вчера на отворањето на сезоната Вардар загуби од Борец со 0-1.

ПРВО КОЛО (17.30 ЧАСОТ)

Шкупи – Шкендија 2-2 (2-0)
Дембо 6, 45 – Дориев 61, Ахмеди 66

Македонија ЃП – Работнички 2-1 (1-0)
Божиновски 40, Адем 90+2 – Тодоровски 55

Беласица – Силекс 0-6 (0-0)
Ивановски 47, П. Ѓорѓиев 60, Ристов 70, 84, Ѓуриќ 88, 90+2

Пелистер – Академија Пандев 1-0 (1-0)
Хот 10

Ренова – Струга Трим Лум 0-0

ВЧЕРА

Вардар – Борец 0-1 (0-1)
Радовиќ 2

ТАБЕЛА: Силекс 3, Македонија ЃП 3, Пелистер 3, Борец 3, Шкупи 1, Шкендија 1, Ренова 1, Струга ТЛ 1, Вардар 0, А. Пандев 0, Работнички 0, Беласица 0.