Без решение за започнувањето на наставата од септември

Состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се одлучува за здравствените протоколи за реализација на наставата, како и можното започнување на наставата од 1 септември, ќе продолжи во вторник, откако денеска не беше донесена никаква одлука.

На средбата која се одржа пртпалднето во понеделникот не беа донесени заклучоци во однос на споменатите прашања. Дискусијата ќе продолжи во наредните денови со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.

Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес. Сепак, финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, минатата недела изјави дека до 1 септември има доволно време да се организира почетокот на учебната година и училиштата да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.