
Либанската влада денеска поднесе оставка, а премиерот Хасан Диаб се очекува наскоро да го стори истото. Оваа вест е потврдена за локалните медиуми од страна на неколку сега поранешни министри, пренесе АФП.
Пред оставката на владата, оставка поединечно поднесоа тројца министри.
– Целата влада си поднесе оставка – изјави министерот за здравство Хамад Хасан.
Премиерот Диаб ќе се обрати пред нацијата во 19.30 часот.
Оставките дојдоа по неколкудневните немири во Либан поради експлозијата во Бејрут, која однесе десетици животи.