Јанушев: Џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот!

Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот!

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски претходно преку социјалните мрежи информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патните трошоци.

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, напиша Николовски на неговиот профил.