
Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска го прекина говорот во Парламентот откако му се слоши поради нискиот крвен притисок, соопшти неговиот кабинет.
-Асад на неколку минути го прекина говорот поради нискиот крвен притисок, а потоа продолжи со говорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на сирискиот претседател.
Дел од странските медиуми објавија дека можмо е Асад да преживеал срцев удар.
Досега не е познато дека Асад има какви било здравствени проблеми.
Тој им се обрати на пратениците по повод минатомесечните избори, што се трети откако во Сирија почнаа судирите во 2011 година. (МИА)