
Бранот на вработувања во јавната и државната администрација никако да престанат. Последна во низата е Општина Кисела Вода од каде доделија тендер за ангажирање на лица преку приватна агенција за вработување.
Вредноста на договорот изнесува 22 милиони денари односно 350 илјади евра.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати предупредуваше на зачестените огласи за вработување во јавната администрација и нивната злоупотреба во партиски цели од страна на владејачката СДСМ.