Во име на САД: Брнз му честита на Заев за добиениот мандат

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз во името на САД му честита на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за добиениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да формира влада и изрази надеж дека ќе соработува со неа.

„Честитки за Зоран Заев за мандатот да формира влада на Северна Македонија. Очекуваме да работиме со новата влада по нејзиното формирање. Како нова членка на НАТО, ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“, напиша Брнз во пораката на Твитер.