Пентагон создава работна група за проучување на НЛО, тврди CNN

Американското министерство за одбрана донело одлука да формира работна група за испитување на неидентификувани летечки објекти (НЛО) со кои се среќавале пилотите на воздухопловните сили на САД, пренесува телевизијата CNN повикувајќи се на доверливи извори во Пентагон.

„Заменикот министер за одбрана Дејвид Норквист ќе ја надгледува и води работната група, којашто, како што се очекува, ќе биде официјално претставена во текот на наредите денови“, се наведува во прилогот на телевизијата.

Притоа CNN потсетува дека во јули во врска со неидентификуваните летечки објекти била изразена загриженост во американскиот Конгрес, каде не ја исклучиле можноста дека овие објекти да бидат од земско потекло и да се разузнавачки средства на „потенцијалните противници“.

Во годините непосредно по Втората светска војна, во Соединетите држави биле формирани неколку групи на различно ниво за проучување на НЛО.

Кон крајот на април годинава, Пентагон на својата веб-страница објави видео материјали кои пред три години ги објави припадник на воздухопловстото на воената морнарица, на кои се гледаат „неидентификувани феномени“. Според министерството, едно од трите декласифицирани видеа на воената морнарицата е снимено во ноември 2004 година, а двете други во јануари 2015 година. Тие во 2007 и во 2017 година беа објавени без одбрување од Пентагон, а нивната автентичност ја призна воената морнарица. Подоцна армијата објави неколку извештаи во кои пилотите говорат за средби со НЛО во периодот меѓу 27-ми јуни 2013 и 13-ти февруари 2019 година.

Во јуни годинава американскиот претседател Доналд Трамп објави дека бил запознаен со многу интересни работни за наводното уривање на НЛО во сојузната држава Њу Мексико во 1947 година, и притоа не исклучи дека од информациите за овој инцидент може да биде тргната ознаката за тајност.

Според различни извори, најголема популарност доби верзијата дека неидентификуваниот објект се урнал во близина на градот Роузвил бил вонземски вселенски брод, а неговиот пилот американската влада го заробила и неговото постоење го држела во тајност. Според официјалните ставови на американската армија, објектот откриен во Роузвил бил метеоролшка сонда, користена во рамки на тајна програма.