
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со прес-конференции на кои соопштува нови елементи од аферата за испумпување на пари за сметка на семејството Заеви преку Агенција за обезбедување од Струмица.
Портпаролот на партијата Димче Арсовски декеска рече дека покрај универзалниот снабдувач со струја, општини и државни институции, и државни друшва што имаат сопствено обезбедување ја ангажирале струмичката агенција за обезбедување за големи пари.
„Трката за профит очигледно ги натерала функционерите од СДСМ и Заеви да одат и со абнормални решенија, помалку чудни, па така СЦ Борис Трајковски, кој патем има сопствена чуварска служба склучила договор за обезбедување на 10.07.2018 година во висина од 10 илјади евра. Неверојатно е зошто склучиле договор кога имаат сопствена чуварска служба“, рече Арсовски.
Повтори дека агенцијата добила тендер и од СОЗР, општините Ѓорче Петров и Аеродром, потоа Катастарот и други институции.
„Струмичките пипци стигаат и до СОЗР, со која на 03.10.2018 година склучиле договор за обезбедување од 3 милиони евра, кој е втор поединечен најголем договор на оваа агенција после договорите со универзалниот снабдувач кој плаќа 21 милион евра“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски директно побара одговор од семејството Заеви, СДСМ и агенцијата за обезбедување и ги повика институциите да почнат со работа и да не спијат повеќе, да ги расчистат сите сомнежи околу оваа агенција за обезбедување.