
Дваесет и осумгодишен жител на Штип, во петокот е уапсени и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото кое го управувал биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан.
На регионалниот пат Свети Николе – Куманово, вчера околу 12 часот полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало. По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници.
За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против приведениот М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.