(ВИДЕО) Над 20 мртви во нападот во луксузен хотел во Могадишу

Повеќе од дваесет луѓе се убиени во вооружениот напад и петчасовната опсада во неделата на група милитанти врз хотелот „Elite“ во сомалиската престолнина Могадишу, сместен на крајбрежјето, пренесува локалното издаени Somali Guardian повикувајќи се на локалните безбедносни служби.

Претходно агенцијата AFP пренесе дека во нападот загинале пет лица а уште 28 биле ранети.

Неодамна изградениот луксузен хотел е во сопственист на сомалиски пратеник и е попиларен меѓуи сомалиските политичари. Хотелот во приватна сопственост важи за еден од најдобро заштитените објекти во Могадишу, пипува весникот.

Според последните информации повеќе од 35 лица се хоспитализирани со различен степен на раните. Меѓу загинатите е и владин функционер, а претходно беше објавено дека станува збор за високопозионирана личност од министерството за финансии. Портпаролот на ова министерство, Исмаил Мухтар Омар не ја потврдува оваа информација, но наведува дека во операцијата на безбедносните сили биле ликвидирани сите напаѓачи, но не го прецизира нивниот број.

„Сомалиските специјални сили ја завршија четиричасовната опсада на Elite Hotel во Могадишу со ликвидацијата и на последниот напаѓач“, напиша Омар на Twitter и додава дека биле спасени 205 лица кои биле земени како заложници.

Напаѓачите го започнале нападот со експлозија предизвикана со автомобил-бомба паркирана на влезот од хотелот на плажата Лидо. Потоа милитантите влегле во хотелот замајќи грипа гости како заложници и се забарикадирале на петтиот кат, по што започнала жестока престрелка меѓу нив и сомалиските воени специјалци.

Според властите, нападот е изведен карактеристично за акциите на исламистичката групација ал-Шабаб, која порано дејствуваше како огранок на Ал Каеда, но подоцна дел од нејзините водачи ѝ изразија лојалност на терористичката групација Исламска држава. Вечерта бунтовниците ја преземаа одговорноста за нападот.